Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2014

Чаби Алонсо излезе од игра поради проблеми со слухот

Чаби Алонсо, играчот за врска на Реал Мадрид, мораше да биде заменет во текот на полувремето на натпреварот против Селта во понеделникот поради проблеми со слухот.

Алонсо на 22-ри декември минатата година во дуелот против Валенсија претрпе оштетување на ушното тапанче на левото уво по судирот со францускиот одбранбен играч Жереми Матје. Се очекуваше 32-годишниот шпански репрезентативец во текот на празничната пауза во целост да закрепне, а очигледно е дека и самиот мислел дека е спремен за игра, па тренерот Карло Анчелоти против Селта (победа на Реал од 3-0) во 18-тото коло на Премиер лигата го испрати на теренот уште од првата минута.
Но, се покажа дека сè уште има проблеми со увото, па Алонсо на полувремето остана во соблекувалната, а во игра влезе Асиер Илјараменди.
„Да, излезе поради проблеми со ушното тапанче. Треба да се излечи повредата до крај“, изјави Анчелоти.

Најнови вести