Корисничко име Лозинка Пријави се
20.1.2014

Жоржињо официјално во Наполи

Жоржињо, 22-годишниот бразилски фудбалер за врска, и официјално стана нов член на Наполи со потпишувањето на договорот до 2018 година.

Жоржињо во Наполи доаѓа од Верона, а италијанските медиуми наведуваат дека клубот од Неапол за играчот платил 5,5 милиони евра и дека ќе издвои дополнителни пет милиони на крајот на сезоната.
„Среќен сум што ќе го носам дресот на Наполи, бидејќи тој е одличен клуб со прекрасни навивачи. Ќе биде одлично да се игра на ’Сан Паоло’ и едвај чекам да ја почнам својата авантура“, изјави Жоржињо, кој оваа сезона за Верона постигна седум голови и четири асистенции во Серија А.
Иако е роден во Бразил, Жоржињо претходно ги бранеше боите на младинската репрезентација на Италија.

Најнови вести