Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2014

Михајловиќ го донесе Макси Лопес во Сампдорија

Макси Лопес, неодамнешниот фудбалер на Катанија, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Сампдорија, соопшти клубот од Џенова.

Лопес веќе играше за Сампдорија минатата година, исто така како играч на заем, и ќе го носи дресот со број седум. Аргентинскиот напаѓач веќе му е на располагање на тренерот на Џенова, Синиша Михајловиќ, за кого играше претходно во Катанија.
Тој оваа сезона за последнопласираната Катанија постигна еден гол на 12 натпревари. Во кариерата играше за Ривер плате, Мајорка, Москва, Барселона, Гремио и Милан.

Најнови вести