Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2014

Енрике од Палмеирас во Наполи

Бразилскиот фудбалски клуб Палмеирас објави дека постигнал договор за трансфер на својот одбранбен играч Енрике во италијанскиот Наполи.

Поранешниот дефанзивен играч на Барселона по лекарските прегледи ќе потпише четиригодишен договор, а бразилските медиуми тврдат дека Наполи за неговото доаѓање ќе исплати сума од четири милиони евра.
Дваесет и седумгодишниот Енрике минатата година беше на списокот на селекторот Луис Фелипе Сколари, па се надева дека со играњето во Серија А ќе избори место во составот за Светското првенство.
Тој во 2008 година стигна на „Камп ноу“, но не се вклопи во плановите на тогашниот тренер на Барселона Пеп Гвардиола, па беше испратен на заем во Баер Леверкузен и Сантандер, а подоцна се врати во Палмеирас.
За националниот тим на Бразил досега одигра четири натпревари.

Најнови вести