Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2018

Сколари по трет пат во Палмеирас

Славниот бразилски тренер Луис Фелипе Сколари го презеде Палмеирас, клубот кој веќе го водеше во два наврата.

На шеесетгодишниот тренер последниот ангажман му беше во кинескиот Гвангжу Евергранде, по што на крајот на минатата сезона одби да ја продолжи соработката со шампионот на Кина.
Сколари, кој со Бразил го освои Светското првенство во 2002 година, со клубот од Сао Пауло потпиша двегодишен договор.
Бразилскиот тренер го водеше Палмеирас од 1998 до 2000 година, а потоа и од 2010 до 2012 година.
Сколари со „зелените“ од Сао Пауло освои пет трофеи. Победник на Купот на Бразил беше во 1998 и 2012 година, а на Копа Меркосул во 1998, трофејот во Копа Либертадорес го освои во 1999, а следната година со Палмеирас победи на Турнирот Рио - Сао Пауло.

 

Најнови вести