Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2014

Сколари: Знаеме дека не сме подготвени за Светското првенство

Луис Фелипе Сколари, селекторот на репрезентацијата на Бразил, изјави дека е задоволен со напредокот што го оствари неговата екипа на подготовките пред почетокот на Светското првенство, чиј е домаќин, но дека сè уште не целосно подготвена за тоа натпреварување.

Бразил вчера во пријателски натпревар ја победи Панама со 4-0, со головите на Нејмар, Даниел Алвес, Хулк и Вилијан. Сколари наведе дека се потребни уште некои корекции во неговата екипа, но дека мисли дека е на вистинскиот пат.
Селекторот на петкратниот светски шампион изјави дека е уверен дека ако екипата продолжи да напредува со ова темпо, на многу повисоко ниво ќе го дочека првиот натпревар  на Мундијалот - со Хрватска на 12-ти јуни. Во групата А играат уште Мексико и Камерун.
Последниот подготвителен натпревар пред Светското првенство Бразил ќе го игра во петок, од 21 часот, во Сао Пауло против Србија.
„Мораме да продолжиме да напредуваме со ова темпо до натпреварот со Србија, а потоа и до натпреварот со Хрватска. Сè оди според планот, ако се земе предвид дека не сме играле заедно повеќе од три месеци. Играчите знаат дека не се подготвени. Избравме да играме со Панама, бидејќи моментно не бевме спремни за посилен противник“, изјави Сколари.
Како што најави, Сколари против Србија ќе го изведе вообичаениот прв тим. Во екипата се враќа капитенот Тијаго Силва, како и фудбалерите од средината на теренот Паулињо и Фернандињо.


Најнови вести