Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2014

Сколари: Барселона не е добра за Нејмар

Луис Фелипе Сколари, селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, изјави дека Барселона не ги користи на вистински начин сите можности и знаење што ги поседува Нејмар.

„Нејмар не блеска во Барселона затоа што тие играат поинаку од она што е навикнат тој. Тој е подобар кога има простор, но таму го ставија да игра на десната страна, што нему не му одговара“, изјави Сколари.
Тренерот на националниот тим изјави дека младиот Бразилец е многу важен за неговата репрезентација и дека верува дека баш тој ќе биде ѕвезда на претстојното Светско фудбалско првенство во Бразил.
„Тој за репрезентацијата е многу важен. Кога игра за Бразил, тоа тој го работи на целосно поинаков начин од оној на којшто работи во Барселона. Нејмар ќе биде ѕвезда на Светското првенство, со сигурност тврдам“, додаде Сколари.
Нејмар во каталонскиот клуб дојде во 2013 година, одигра 23 натпревари и постигна девет голови, додека за националниот тим на Бразил настапи 47 пати и постигна 30 погодоци.

Најнови вести