Корисничко име Лозинка Пријави се
08.5.2014

Бразил без Роналдињо и Кака на Светското првенство!

Луис Фелипе Сколари, селекторот на Бразил, го објави списокот од 23 играчи за Светското првенство 2014 година.

На списокот на Сколари го нема ниту Кака ниту Роналдињо.
Енрике од Наполи, Ернанес од Интер, Мајкон од Рома и Максвел од ПСЖ беа под знак прашалник, но сите четворица се најдоа на списокот.
Само шестмина играчи од овој список веќе имаат настапувано на Мундијалот, а во 1978 година имаа само петмина и тогаш не стигнаа ниту до финалето.
Просечната старост на играчите од овој список е над 28 години, што значи дека трет пат последователно „кариоките“ ќе имаат искусен тим на Светското првенство.
Светското првенство Бразил го почнува со дуел против Хрватска на 12-ти јуни во Сао Пауло, а потоа ќе игра против Мексико и против Камерун.
Списокот на Бразил за Светското првенство:
Голмани: Жулио Сезар (Торонто), Џеферсон (Ботафого), Виктор (Атлетико Минеиро)
Одбрана: Марсело (Реал Мадрид), Дани Алвес (Барселона), Мајкон (Рома), Максвел, Тијаго Силва (двајцата од ПСЖ), Давид Луиз (Челзи), Данте (Баерн Минхен), Енрике (Наполи)
Средина на теренот: Паулињо (Тотенхем), Рамирес, Вилијан, Оскар (сите од Челзи), Ернанес (Интер), Луис Густаво (Волфсбург), Фернандињо (Манчестер сити)
Напад: Бернард (Шахтар), Нејмар (Барселона), Фред (Флуминенсе), Жо (Атлетико Минеиро), Хулк (Зенит Санкт Петербург)

Најнови вести