Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2016

Очекуван отказ за Карлос Дунга

Фудбалскиот сојуз на Бразил соопшти дека Карлос Дунга повеќе не е селектор на репрезентацијата.

Бразил на Копа Америка беше елиминиран по групната фаза, откако загуби од Перу, одигра нерешено со Еквадор и единствено славеше против Хаити.
Дунга имаше разговор со претставниците на Фудбалскиот сојуз на Бразил, кој кратко траеше, а по разговорот беше одлучено тој и неговите помошници да бидат разрешени од должностите во репрезентацијата.
Сојузот на Бразил му се заблагодари на Дунга и на неговиот тим на работата и посветеноста.
Дунга на клупата на Бразил беше од 2014 година кога го наследи Луис Фелипе Сколари по Светското првенство.

Најнови вести