Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2014

Сколари: Исплашени сме, но тоа е нормално

Селекторот на Бразил, Луис Фелипе Сколари, призна дека неговата репрезентација е малку исплашена и нервозна пред осминафиналниот дуел против Чиле.

Сепак, Сколари ја уверува нацијата дека нервозата не може негативно да делува на квалитетот на играта на неговите фудбалери.
„Нормално е што се чувствуваме непријатно и малку сме уплашени пред првиот елиминациски дуел“, изјави Сколари.
„Тоа е нормално на секој турнир, не само затоа што се одржува во Бразил. Знаеме дека немаме право на грешка и дека не смееме да изгубиме“, додаде Сколари.
Сколари кажа дека според него Чиле нема шанси да ја победи репрезентацијата на домаќинот, но ако тоа се случи, нема да биде крај на светот.
„Направивме сè што беше до нас, но мораме да сфатиме дека во случај тие да бидат подобри, не смееме да дозволиме да ни паднат главите и да го сметаме тоа за крај на светот“, кажа селекторот на Бразил.
Бразил од 1994 година на секој Мундијал се пласирал во четврт-финалето, а последен пат е елиминиран во втората рунда против Аргентина во 1990 година. Бразилците немаат пораз од Чиле од квалификациите за СП во 2000 година и досега немаат загубено на домашен терен, а од 2000 година, Бразил победил на десет од 12 натпревари против Чилеанците.
„Статистиката не мора да значи ништо. Мораме да знаеме дека на другата страна се фудбалери кои имаат исти соништа и амбиции како и ние. Затоа, ако не успееме, животот продолжува“, изјави капитенот на бразилската репрезенација, Тијаго Силва. 

Најнови вести