Корисничко име Лозинка Пријави се
30.7.2014

Сколари се врати во Гремио

Луис Фелипе Сколари, неодамнешниот селектор на фудбалската репрезентација на Бразил, е именуван за тренер на домашниот прволигаш Гремио.

Сколари по трет пат ќе ја преземе клупата на тој клуб, откако го водеше во 1987 и од 1993 до 1996 година.
Под негово водство Гремио го освои трофејот на јужноамериканскиот Куп Либертадорес во 1995 и една година подоцна шампионската титула на Бразил.
Шеесет и петгодишниот Сколари, кој со националниот тим ја освои светската шампионска титула во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, е сменет по овогодишниот дебакл на Мундијалот.
Водството на националниот тим на Бразил го презеде некогашниот репрезентативец и повратник на тренерската клупа Карлос Дунга.

Најнови вести