Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2013

Сколари по Светското првенство ќе ја преземе Барселона

Според пишувањата на португалскиот весник „А Бола“, Луис Фелипе Сколари, актуелниот селектор на репрезентацијата на Бразил, по Светското првенство би можело да го преземе водењето на Барселона.

Иако моментно тоа е само шпекулирање,не е и невозможно. Во последно време доста се пишува за тоа дека Херардо Тата Мартино, актуелниот тренер на каталонскиот клуб, на крајот на оваа сезона ќе го напушти кормилото на екипата бидејќи, како што пренесуваат аргентинските медиуми, е несреќен во Шпанија. Сколари речиси сигурно по Светското првенство во Бразил ќе отстапи како селектор, а дотогаш Сандро Росел, селекторот на Барселона, ќе се обиде да ги договори условите за соработка.
Доколку се реализира оваа шпекулација, на Сколари Барселона ќе му биде 20-ти клуб во неговата тренерска кариера. Покрај тоа, ја водеше и репрезентацијата на Кувајт, додека селекторската функција во Бразил му е втора во кариерата.

Најнови вести