Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2013

Поранешниот бразилски селектор го напушти Фламенго

Мано Менезес, 51-годишниот поранешен селектор на бразилската фудбалска репрезентација, поднесе оставка на местото тренер на Фламенго.

Менезес својата одлука ја објави по домашниот пораз од Атлетико Паранаинсе во 22-рото коло на бразилското првенство (2-4). Фламенго со тоа падна на 15-тото место и само со два бода е оддалечен од зоната за испаѓање.
„Имав состанок со клупските челници и ги известив дека веќе не сум тренер на Фламенго. Гледајќи ја нашата денешна игра, сфатив дека не сум успеал да им ја пренесам на играчите својата идеја за фудбалот“, изјави Менезес, кој го водеше клубот од Рио де Жанеиро од јуни и имаше осум победи, шест ремија и седум порази.
Менезес беше селектор на Бразил од јули 2010 година до ноември минатата година, кога го замени Луис Фелипе Сколари.

Најнови вести