Корисничко име Лозинка Пријави се
03.2.2016

Џексон во Кина за 42 милиони евра

Колумбискиот напаѓач Џексон Мартинес го напушти Атлетико Мадрид и за 42 милиони евра прејде во Гвангжу Евергранде, соопшти кинескиот шампион.

Мартинес заминува од Мадрид по само шест месеци бидејќи не се снајде баш најдобро по доаѓањето од Порто.
Овој дваесет и девет годишен напаѓач веќе отпатува во Кина каде би требало да парафира четиригодишен договор со тимот кој го води Бразилецот Луис Фелипе Сколари.
Гвангжу го собори рекордот и го оствари најголемиот трансфер во овој зимски преоден рок, а воедно и најголемиот во Кина кој некогаш бил остварен.

Најнови вести