Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2014

Сколари доби отказ

Бразилската фудбалска федерација го стори тоа што беше неизбежно - му врачи отказ на селекторот Луси Фелипе Сколари.

Сколари го загуби селекторското место по поразите на последните два натпревари на Мундијалот на кои „кариоките“ примија неверојатни десет голови, а постигнаа само еден.
Прво го доживеаја најтешкиот пораз во својата историја, во полуфиналето од новиот шампион Германија со 7-1, а потоа и Холандија беше подобра од петкратниот светски шампион со 3-0 во борбата за третото место.
Сколари изјави дека неговата судбина е во рацете на раководството на Сојузот, а договорот му истече на последниот ден од Мундијалот, па Бразилската федерација само потврди дека тој ќе замине од функцијата.
Поранешниот селектор на Португалија и менаџер на Челзи на неславен начин го заврши својот втор мандат на клупата на Бразил. Пред 12 години, на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја, со помош на Роналдо, Ривалдо и Роналдињо ја освои петтата титула за Бразил.
Сколари по вреќањето на клупата на Бразил имаше 19 победи на 29 натпревари, но стана носител на низа неславни рекорди и го доживеа најтешкиот пораз во историјата на „кариоките“.


Најнови вести