Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2012

Сколари нов селектор на Бразил

Луис Фелипе Сколари (64) денеска и официјално е именуван за нов селектор на бразилската фудбалска репрезентација.

Тој го наследи Мано Менезес, кој доби отказ минатиот петок откако резултатите и играта на „кариоките“ во неговиот мандат беа прогласени за незадоволувачки.
Бразилскиот фудбалски сојуз денес на конференцијата за новинарите официјално објави дека на кормилото на националната екипа се враќа Сколари, кој во 2002 година ја одведе репрезентацијата до петтата, и засега последна титула светски шампион. Потоа ги водеше и репрезентацијата на Португалија, па Челзи, Бунјодкор од Узбекистан и Палмеирас, каде што во септември доби отказ.
Најсилниот можен адут во овој момент на Сколари му беше освоената шампионска титула со Бразил на Светското првенство во 2002 година. Технички асистент на клупата на „кариоките“ ќе биде легендарниот Карлос Алберто Пареира, селекторот на прочуената генерација бразилски фудбалери во 1994 година.
„Го сакавме најдоброто за нашиот фудбал и поради тоа избравме големи шампиони, почитувани во целиот свет“, рече претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Хозе Марија Марин.
Сколари ќе има задача да го однесе Бразил до титулата на Светското првенство на домашна почва во 2014 година. Се очекува и во репрезентацијата да ја врати атрактивната игра по која Бразилците беа славни повеќе децении.

Најнови вести