Корисничко име Лозинка Пријави се
23.6.2014

Ван Хал: ФИФА користи трикови; Сколари: Глупости

Луис ван Хал, селекторот на Холандија, изјави дека Светската фудбалска федерација користи трикови при изборот на термините на натпреварите на Мундијалот во Бразил.

Ван Хал изјави дека не е фер што Бразил играше пред Холандија во првите две кола од групната фаза, а во третото коло да игра потоа.
„ФИФА користи вакви трикови, и тоа не е фер. Тоа не е фер плеј. На Светското првенство домаќинот секогаш има предност“, изјави Ван Хал, а пренесоа британските медиуми.
Репрезентациите на Холандија и на Бразил би можело да се сретнат во осминафиналето на Светското првенство.
„Да можеме да избираме, не би го избрале Бразил, иако Хрватска и Мексико не се лоши противници“, додаде Ван Хал.
Луис Фелипе Сколари, селекторот на Бразил, изјави дека коментарите на Ван Хал се глупави и злонамерни.
„Мораме да играме за да се пласираме во наредната рунда, а не да ги избираме противниците. Таквите коментари се глупави и злонамерни“, изјави Сколари.
Ван Хал, исто така, ги критикуваше арбитрите на Светското првенство, за коишто изјави дека два пати ја оштетиле неговата селекција, во двата досегашни натпревари.

Најнови вести