Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2014

Крај за Мундијалот за Нејмар

Само што закрепна од повредата на бутот и коленото, Нејмар во дуелот со Колумбија се здоби со најтешка повреда досега, поради која го заврши настапот на Мундијалот.

Иако во прв момент изгледаше дека ударот со коленото на дефанзивецот Клаудио Сунига не нанел голема штета, рендгенските снимки го покажаа спротивното.
„Сериозноста на повредата е таква што не е потребна операција, за среќа, но несреќа е што нема да може да игра. Тој е многу тажен, но ќе мора да биде имобилизиран за да закрепне“, изјави докторот на репрезентацијата Родриго Ласмар.
Селекторот на репрезентацијата на Бразил, Луис Фелипе Сколари, од почетокот на првенството предупредуваше на грубоста која ја трпи Нејмар, а по оваа ситуација беше многу бесен.
„Реков дека ќе го напаѓаат, веќе три натпревари тоа постојано се случува. Ни жолт картон не доби оној (Сунига). Луѓето мислат дека само Германците се на удар, дека тоа не му се случува на Нејмар“, изјави Сколари.
Еден од најголемите таленти на светскиот фудбал на таков неславен начин го заврши својот прв Мундијал во кариерата и тоа во сопствената земја.
Одигра пет натпревари, постигна четири голови и забележа една асистенција, што е сосема задоволувачки резултат, со оглед на неговата возраст (22 години) и притисокот под кој мораше да игра.

Најнови вести