Корисничко име Лозинка Пријави се
10.1.2014

Палмеирас го доведе Лусио

Лусио, поранешниот репрезентативен фудбалер на Бразил, потпиша договор со Палемирас.

Палмеирас, кој се врати во првата дивизија на бразилскиот шампионат, соопшти дека Лусио потпишал договор до 2015 година.
Триесет и петгодишниот Лусио беше член на селекцијата на Бразил која во 2002 година го освои Светското првенство, играше и на Мундијалот во 2006, а во 2010 година ја предводеше репрезентацијата како капитен.
Тој во Европа играше за Баер Леверкузен, Баерн Минхен, Јувентус и Интер.

Најнови вести