Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2012

Палмеирас без Весли до крајот на сезоната

Од редовите на Палмеирас објавија дека нивниот дваесет и четиригодишниот играч за врска Весли поради повреда на вкрстените лигаменти нема да игра до крајот на сезоната.

Весли се повреди на натпреварот против Гарани минатиот викенд, во својот четврти меч за клубот во кој стигна во март од Вердер Бремен за оштета од шест милиони евра.
Според првичните прогнози на медицинскиот тим, тој ќе биде надвор од терените околу шест до осум месеци.
За Весли ова е четврт клуб во кариерата, по Сантос, Атлетико Парененсе и Вердер Бремен.
Палмеирас во регионалното натпреварување Паулиста по одиграни 18 натпревари се наоѓа на петтото место, со осум бодови помалку од лидерот Сао Пауло.

Најнови вести