Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2012

Клејна нов тренер на Палмеирас

Палмеирас, повеќекратниот шампион на Бразил, за нов тренер го именуваше Жилсон Клејна, кој на таа функција ќе го замени Фелипе Сколари.

Клејна со клубот од Сао Пауло потпиша договор до крајот на 2013 година.
Овој стручњак претходно го тренираше помалку познатиот бразилски клуб Понте Прета.
Палмеирас неодамна го раскина договорот со Сколари бидејќи моментно екипата се наоѓа во зоната за испаѓање во шампионатот на Бразил.
До крајот на натпреварувањето има уште 13 натпревари, а Палмеирас има осум бодови помалку од Фламенго, првата екипа која се наоѓа надвор од зоната за испаѓање.

Најнови вести