Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2012

Палмеирас му даде отказ на Сколари

Откако загуби со 3-1 на гостувањето кај Васко де Гама забележувајќи го 14 пораз во 24 коло од бразилската Серија А, Палмеирас го отпушти легендарниот бразилски стручњак, Луис Фелипе Сколари.

Отказот дојде по само два месеци откако клубот од Сао Паоло го освои Бразилскиот куп. Меѓутоа, во првенството славниот клуб го дели последното место на табелата од 20 прволигаши.
Според бразилските медиуми, шеесет и тригодишниот тренер, кој во клубот работеше од април 2010 година, се откажал од гарантираната плата до крајот на договорот кој му истекувал на крајот на годинава, со што му простил на Палмеирас 380.000 евра.
Откако со бразилската репрезентација ја освои светската шампионска титула во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја, Сколари следните шест години успешно ја водеше репрезентацијата на Португалија. Кариерата му тргна во надолна линија кога во 2008 година го презема Челзи, каде доби отказ по шест месеци.

Најнови вести