Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2012

Навивачите на Палмеирас му се одмаздуваат на клубот

Бесни поради речиси сигурната елиминација од бразилската Серија А, навивачите на Палмеирас ја демолираа клупската продавница и подметнаа пожар.

Палмеирас, седумкратниот шампион на Бразил, на три кола пред крајот на сезоната има девет бодови помалку од екипата која е во сигурната зона, па наскоро сигурно ќе биде елиминиран.
Навивачите на ѕидот на продавницата напишаа „Примирјето е завршено“, а поради зачестените закани со смрт, неколку фудбалери минатата седмица ангажираа телохранители.
„Ова е неприфатливо! Се надевам дека се работи за поединечни испади и дека такво нешто веќе никогаш нема да се повтори. Сакам да верувам дека ова е изолиран инцидент и дека не го претставува ставот на сите навивачи на Палмеирас“, изјави директорот на клубот од Сао Пауло.
Веројатно последната шанса да ја зачува надежта за опстанок Палмеирас ја испушти завчера, кога беше поразен од новиот шампион Флуминенсе.

Најнови вести