Корисничко име Лозинка Пријави се
27.3.2012

Весли го напушти Вердер и потпиша за Палмеирас

Весли, бразилскиот 24-годишен играч за врска, поранешен првотимец на Сантос, пред новата сезона во бразилската Серија А го засили Палмериас од Сао Пауло.

Палмеирас конечно го доврши трансферот на Бразилецот од Бундеслигата откако пронајде надворешен кофинансиер, односно компанија која во својата работа пронашла сопствен економски интерес и покрила дел од трошоците за трансферот. Спорен беше износот на оштетата, како и темпото на исплата. На крајот бразилскиот клуб на Вердер ќе му плати шест милиони евра.
Со фудбалерите на клубот од Сао Пауло Весли тренира од Нова година, а во Бремен од Сантос дојде во август 2010 година за 7,5 милиони евра.
Денес ќе биде официјално претставен, а утре би можело да дебитира за Палмеирас.

Најнови вести