Корисничко име Лозинка Пријави се
14.10.2011

Хулигани истепаа фудбалер на Палмеирас

Резервниот фудбалер на Палмеирас Жоао Витор беше цел на незадоволните навивачи на овој клуб.

Група хулигани го претепа овој фудбалер пред стадионот во Сао Пауло. Како што соопшти полицијата, напаѓачите безмилосно удирале по играчот, кој од овој инцидент мина со полесни повреди.

Андре Сица, адвокатот на клубот, изјави дека навивачите претходно вербално го нападнале играчот од средината на теренот.

Палмеирас се наоѓа на осмото место на табелата во првата бразилска лига во која се натпреваруваат дваесет клубови.

Најнови вести