Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2012

Јувентус во Донецк без четворица играчи, но со двајца полицајци

Фудбалерите на Јувентус од Торино допатуваа во Донецк, каде што утре ќе го бараат патот до осминафиналето на Лигата на шампионите од групата Е. Соперник на Јувентус во последната средба му е сигурниот Шахтар.

За да биде Јувентус безгрижен и да не зависи од резултатот од другиот натпревар во Лондон (Челзи – Нордсјиланд), ќе мора или да добие или да земе бод на „Донбас арената“. Ако освои бод, ќе го заземе второто место во групата (зад Шахтар), а во случај на победа, натпреварувањето ќе го заврши на прво место.
Во Донецк Јувентус дојде без неколку важни играчи, поточно, поради повреда или жолти картони во овој натпревар нема да настапат: Маркисио (двократниот стрелец во последната лигашка средба - градското дерби против Торино), Бентнер, Пепе и Лусио.
Јувентус во Донецк слета засилен со двајца полицајци. Италијанскиот клуб понесе двајца чувари на редот да се грижат за мирот и сигурноста на фудбалерите во Украина.

Најнови вести