Корисничко име Лозинка Пријави се
24.2.2014

Заврши Олимпијадата во Сочи, Русија е најуспешна нација

Најуспешна нација на Зимските олимписки игри 2014 кои завршија вчера во Сочи е домаќинот Русија.

Со спектакуларно затворање на игрите синоќа завршија возбудувањата на зимските спортски терени во Сочи.
На Зимските олимписки игри Русите освоија вкупно 33 медали, од кои 13 златни, 11 сребрени и девет бронзени. По Русија, најуспешни се Норвешка со 26 медали (11-5-10), Канада 25 (10-10-5) и САД со 28 (9-7-12).
Барем по еден медал на натпреварувањето во Сочи освоија 26 земји. Од нашите простори единствено медали освоија Словенија (осум) и Хрватска, која освои еден сребрен медал.

Најнови вести