Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2014

Фудбалерите на Јувентус ја прославија титулата

Фудбалерите на Јувентус со воодушевување ја дочекаа победата на Катанија над Рома, со која ја освоија третата титула во низа, 30-та во историјата на клубот.

Со поразот на Рома од 4-1 на гостувањето, Јувентус ја потврди одбраната на титулата на две кола пред крајот на Серија А.
Играчите на Јувентус во тимските простории со песна и шампањ ја прославија новата круна. Вечерва тие ја дочекуваат Аталанта, кога и официјално ќе го подигнат шампионскиот пехар пред своите навивачи.
„Старата дама“ има осум бодови повеќе од Рома, која, пак, има десет бодови повеќе од 2001 година, кога последен пат беше шампион.
Јувентус официјално по 30-ти пат е шампион на Италија, но навивачите ќе слават по 32-ор пат, затоа што на клубот од Торино му беа одземени трофеите од 2005 и 2006 година поради аферата „Калчополи“.


Најнови вести