Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2014

Вили Сањол го презема Бордо

Поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол е именуван за нов тренер на францускиот прволигаш Бордо.

Триесет и седумгодишниот Сањол со Бордо потпиша тригодишен договор, а на клупата ќе го замени Франсис Жијо.
Со ангажирањето на Сањол завршија шпекулациите дека нов тренер на Бордо ќе биде Зинедин Зидан.
Сањол, кој фудбалската кариера за заврши во 2009 година, досега не бил тренер на ниеден клуб, но беше селектор на француската младинска репрезентација.
Во својата фудбалска кариера одбранбениот фудбалер настапуваше за Сент Етјен, Монако и Баерн Минхен.

Најнови вести