Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2014

УЕФА ќе ги казнува Симеоне и Чаби

УЕФА соопшти дека на 17-ти јули ќе расправа за евентуална казна на Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, и на Чаби Алонсо, играчот на Реал Мадрид.

На двајцата им се заканува казна поради кршење на правилата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите во минатата сабота.
На натпреварот во Лисабон, Симеоне два пати во текот на продолженијата влезе во теренот обидувајќи се да се пресмета со Рафаел Варан, играчот на Реал Мадрид, поради шутирање на топката кон клупата на Атлетико.
Алонсо, кој не играше во финалето поради суспензија, по завршувањето на средбата им се придружи на соиграчите на теренот во прославата на титулата.
Симеоне и Чаби Алонсо се соочени со суспензија во Лигата на шампионите следната година, потврди УЕФА.
На финалистите на елитното натпреварување, Реал и Атлетико, веројатно ќе им биде изречена парична казна поради тоа што навивачите во текот на натпреварот користеа пиротехнички средства, како и поради бројните жолти картони на натпреварот (Реал пет, Атлетико седум).
Реал Мадрид во Лисабон го победи тимот на градскиот ривал Атлетико со 4-1 по продолженијата и ја освои јубилејната десетта шампионска титула на Европа.


Најнови вести