Корисничко име Лозинка Пријави се
28.8.2014

Чаби Алонсо во Баерн Минхен!

Германскиот шампион Баерн објави дека во своите редови ќе го доведе Чаби Алонсо од Реал Мадрид.

Сè уште не е познато која сума Баерн ќе ја плати на клубот од Мадрид за искусниот играч од средината на теренот, но се споменува цифра од десет милиони евра.
Алонсо денес патува во Германија на медицински прегледи и потоа ќе потпише договор. Шпанскиот фудбалер има 32 години, а пред Реал играше и за Ливерпул и Реал Сосиедад.
Алонсо во Минхен практично доаѓа како замена за Тони Крос, кој ова лето од Баерн направи трансфер во Реал за 25 милиони евра.
Иако Карло Анчелоти често истакнуваше колку е важен Алонсо за Реал, очигледно во кралскиот клуб увиделе дека можат без него по финалето на Лигата на шампионите, кое Алонсо не го играше поради суспензија.
Покрај тоа, Реал на таа позиција освен Крос, го има и Илјараменди, како и Сами Хедира.

Најнови вести