Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2011

Анжи продолжува да се засилува

Мароканскиот репрезентативец Мехди Карсела-Гонсалес во наредните дваесет и четири часа ќе стане новиот фудбалер на рускиот прволигаш Анжи.

Неговиот поранешен клуб Стандард  ја извести јавноста дека останало само уште да се извршат лекарските прегледи и Мароканецот да потпише четиригодишен договор.

Деталите од трансферот сè уште не се обелоденуваат, но се шпекулира дека се работи за цифра од 9,1 милион евра, колку што ќе му исплати Анжи на белгискиот клуб доколку се реализира трансферот. Карсела ќе му се приклучи на својот сонародник Мбарк Бусуфа и на новиот најскапо платен фудбалер на светот, Камерунецот Самуел Ето.

Карсела е дваесет и двегодишен офанзивен играч за врска, кој минатата сезона на 38 настапи за Стандард постигна 13 гола.

Најнови вести