Корисничко име Лозинка Пријави се
22.10.2014

Мурињо: Нема да плачеме

Жозе Мурињо, менаџерот на Челзи, изјави дека не е воодушевен од вчерашната повреда на Лоик Реми, но додаде дека тимот нема да се жали поради таквите работи.

Реми го повреди мускулот во победата над Марибор со 6-0 и веројатно ќе го пропушти дербито со Манчестер јунајтед претстојниот викенд.
„Не можам сега да мислам за Јунајтед, туку само за нас. Играме добро, имаме добри резултати, не смееме да плачеме поради повреди. Тоа е нашата филозофија, ние не плачеме. Ќе бидеме подготвени“, изјави Мурињо.
Уште една работа не го воодушевила Мурињо на средбата со Марибор, одлуката на еден Азар да му дозволи на Дидие Дрогба тој да го изведе пеналот.
Ветеранот од Брегот на Слоновата Коска бараше од Азар, регуларниот изведувач на пеналот, тој да шутира, па погоди од белата точка и го постигна првиот гол за Челзи по враќањето на „Стемфорд бриџ“ изминатото лето.
„Не ми се допаѓа тоа, но ако играчот бара да шутира пенал, тогаш мора да погоди. Неговиот претходен гол за Челзи беше најважен во историјата на клубот“, изјави Мурињо.
По три натпревари, Челзи има седум бодови, два повеќе од Шалке, три од Марибор, а шест од Спортинг. Во следното коло на петти ноември гостува во Словенија.

Најнови вести