Корисничко име Лозинка Пријави се
05.11.2014

Ракометарите на Металург поради штрајк не отпатуваа во Загреб

Натпреварот од СЕХА лигата меѓу Загреб и Металург е одложен поради штрајк на играчите на македонскиот шампион.

Ракометарите на Металург се незадоволни од неисплатените обврски од страна на клубот, кој од играчите побарал уште малку да бидат трпеливи, но тие не се согласиле со тоа.
Поради недоразбирањата меѓу управата на клубот и ракометарите, утрово екипата не отпатува од скопскиот Аеродром за Хрватска, а ракометниот клуб Загреб на својата официјална интернет-страница соопшти дека натпреварот е одложен.
Според правилата во СЕХА лигата, Металург официјално ќе ги загуби бодовите.
Играчите денес пратија отворено писмо до медиумите потпишано од сите ракометари во кое за настанатата ситуација во клубот го обвинуваат тренерот Лино Червар.

Најнови вести