Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2018

Првокласно ракометно изненадување, Кузмановски потпиша за Еурофарм Работник

Амбициозниот ракометен клуб од Битола, Еурофарм Работник приреди првокласно изненадување со ангажман на капитенот на Металургж, Филип Кузмановски.

Битолчани први стасаа до целта и го ангажираа еден од нашите најголеми ракометни таленти, иако се шпекулираше дека Кузмановски ќе го засили Вардар, а интерес за него имаше и од други многу попознати клубови. 
Но, раководството на Еурофарм беше најбрзо, одработи најефектно и доби огромно засилување за новата сезона. 
Кузмановски поради неисплатени плати, го раскина договорот со Металург и се пресели кај битолчани. 
Со него во составот Еурофарм Работник има големи амбиции, ќе атакува на врвот во македонската Суперлига и ќе биде фаворит и за пласман на позициите што водат во еврокуповите.

 

Најнови вести