Корисничко име Лозинка Пријави се
10.10.2014

Станиќ го напушти Металург

Голманот Дарко Станиќ и македонскиот ракометен шампион Металург спогодбено ја раскинаа тригодишната соработка.

По состанокот на раководството на Металург, двете страни се договориле за деталите во спогодбениот договор, во којшто Металург му се заблагодарува на Станиќ за сè што направи во изминатите години за клубот од Автокоманда и што беше дел од тимот со многу успеси и историски моменти на клубот.
„Во екипата на Металург поминав три прекрасни и незаборавни години. Седнавме со управата на клубот и со спогодбен договор ја раскинавме соработката. Најискрено жалам што и јас и клубот се најдовме во оваа ситуација, но на крајот сите заедно собравме сили и го изнајдовме најдоброто решение за двете страни. На Металург му посакувам многу среќа во иднина и повторување на резултатите и успесите од изминатите три сезони во кои бев дел“, изјави Станиќ за интернет-страницата на клубот.
И клубот од Автокоманда изјави дека длабоко жали за завршувањето на соработката со еден од најдобрите голмани во светот, Станиќ, и му посака многу среќа и успех во понатамошната кариера. Станиќ во Металург ќе биде запаметен како дел од една одлична генерација што оствари големи резултати и во нашата земја и надвор од неа.

Најнови вести