Корисничко име Лозинка Пријави се
12.11.2014

Червар и странските ракометари си одат од Металург

По вчерашните преговори со Минчо Јорданов, сопственикот на Металург, ракометарите донесоа одлука да патуваат во Шпанија на натпреварот од Лигата на шампионите против Ла Риоха.

На тој начин ќе се избегне казната од страна на ЕХФ, која следува доколку Металург не отпатува во Шпанија.
Ракометарите на тимот од Автокоманда за главен виновник за кризата во клубот го посочија хрватскиот тренер Лино Червар, па Јорданов им ветил дека тој ќе си замине во декември.
Од Металург, најверојатно, ќе си заминат и останатите странски ракометари коишто нема да играат на натпреварот со Ла Риоха.

Најнови вести