Корисничко име Лозинка Пријави се
20.12.2014

ФИФА го смени судијата на финалето на Светското клупско првенство

Финалистот на Светското клупско првенство, аргентинскиот клуб Сан Лоренцо, направи притисок да се смени судијата Педро Проенка за кого беше планирано да го суди финалето.

ФИФА го уважи протестот од страна на раководството на Сан Лоренцо и на нецели 24 часа пред финалето на Клупскиот мундијал го смени главниот судија.
Финалниот натпревар требаше да го води Португалецот Педро Проенка, но Аргентинците реагираа бидејќи сметале дека судијата не смее да биде од ист континент со еден од учесниците во финалето.
На крајот беше одлучено Проенка да не биде судија на овој натпревар, а главен арбитер ќе биде Валтер Лопез Кастелјанос од Гватемала. Тој е триесет и четиригодишен судија со логото на ФИФА од 2006 година. 
Кастелјанос судел натпревари во Лигата на шампионите на КОНКАКАФ, а го водеше и првиот меч од клупскиот мундијал, во кој Оукленд го победи Могреб Тетуан.

Најнови вести