Корисничко име Лозинка Пријави се
25.3.2015

Дунга: За Нејмар небото е граница

Карлос Дунга, селекторот на репрезентацијата на Бразил, изјави дека е уверен дека Нејмар ќе продолжи да се развива и да напредува.

Прва голема одлука на Дунга откако повторно стана селектор во јули 2014 година беше таа на 23-годишниот фудбалер на Барселона да му се довери капитенската лента, а тој му се оддолжи со седум голови на 14 натпревари.
„ Нејмар го одбрав за капитен за да му дадам уште еден предизвик“, изјави Дунга.
„Тој е играч кој уште многу ќе расте – неговиот напредок нема граници и немаме начин да измериме колку далеку може да оди. Мора да продолжи да работи колективно, како и сите играчи, а на екипата тогаш ќе ѝ биде полесно и ќе биде поефикасна“, додаде селекторот на Бразил.
На прашањето да го спореди Нејмар со својот некогашен соиграч од репрезентацијата Ромарио, Дунга изјави:
„Тешко е да се споредат. Ромарио беше тип на играч кој подобро ги завршуваше, но Нејмар  и ги креира и ги завршува акциите. Порано Нејмар многу дриблаше – дрибла и сега, но и понатаму дава голови“.
Нејмар досега за Бразил постигна 42 погодоци, а оваа сезона блеска во дресот на Барселона и досега даде 26 голови во сите натпреварувања.

Најнови вести