Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2015

Карвалјо се повреди додека славеше

Рикардо Карвалјо, фудбалерот на Португалија, сепак не претрпел тешка повреда на коленото на натпреварот против Србија во квалификациите за Европското првенство.

Карвалјо се повреди уште во 15-тата минута на стадионот во Лисабон, поради што го замени Хосе Фонте, но претходно успеа да постигне погодок.
„Се повредив при прославата на голот, почувствував болка и морав сам да излезам од игра. Ги оштетив внатрешните лигаменти на коленото, но мислам дека ќе паузирам од седум до десет денови“, изјави Карвалјо по победата над Србија од 2-1.
Португалскиот дефанзивен играч ќе биде подготвен за првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Јувентус, кој на програмата е на 14-ти април во Торино.
Карвалјо оваа сезона одигра 23 натпревари за Монако во сите натпреварувања. За селекцијата на Португалија настапи 79 пати и даде пет голови.

Најнови вести