Корисничко име Лозинка Пријави се
30.4.2015

Реал Мадрид: Наводите за забрана на трансфери се невистинити

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека медиумските наводи за можна забрана на трансфери од страна на Светската фудбалска федерација се лажни и злонамерни.

Шпанските медиуми пренесоа дека ФИФА ќе им забрани трансфери на Реал Мадрид и на Атлетико Мадрид поради неправилности при доведувањето малолетни играчи.
Барселона минатата година поради таков прекршок беше казнета со забрана на трансфери во два преодни рока.
Шпанските медиуми наведоа дека Фудбалскиот сојуз на Шпанија веќе бил известен за казната на клубовите од Мадрид и дека следниот чекор бил да се известат за тоа Реал и Атлетико.
„Тие информации се апсолутно невистинити, и Сојузот ги демантираше медиумите дека Реал Мадрид е вмешан во неправилности при доведувањето на малолетните фудбалери. Реал отсекогаш ги почитувал правилата на ФИФА“, се наведува во соопштението на клупската интернет-страница.
„Реал жали поради ширењето на информациите, некои и злонамерни, чија единствена цел е да го вклучат клубот во случај на наводно кршење на правилата“, пишува во соопштението.

Најнови вести