Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2015

Мурињо: Виновни се Манчестер јунајтед, Сити, Арсенал и Ливерпул

Менаџерот на Челзи ги обвини двата клуба од Манчестер, Арсенал и Ливерпул за синоќешниот убедлив пораз од Вест Бромич албион.

Новиот шампион на Премиер лигата го доживеа третиот пораз во сезоната, со убедливи 3-0 во Бирмингам, а Мурињо како причина го истакна тоа што конкурентите се далеку на табелата.
„Идеално сценарио би било шампионот да не игра веќе, играчите да одат на одмор. Кога ќе ја изгубиш мотивацијата, тешко е да се натпреваруваш на највисоко ниво. Баерн изгуби три натпревари во низа во Германија откако ја освои титулата“, изјави Мурињо.
Челзи не личеше на себе на „Хоторнс“, а во поголемиот дел од натпреварот имаше играч помалку поради исклучувањето на Сеск Фабрегас, првиот асистент на Премиер лигата.
„Ако треба да обвинам некого, тогаш ќе ги обвинам Манчестер јунајтед, Сити, Арсенал и Ливерпул поради тоа што ни дозволија толку рано да ја освоиме титулата. Овој натпревар да ни беше потребен за титулата, не велам дека би победиле, но би играле на многу повисоко ниво“, додаде Португалецот.
Тој изјави дека не е задоволен од тоа што беше исклучен Фабрегас и смета дека судијата Џонс не го контролирал добро натпреварот, бидејќи создал судир меѓу Диего Коста и Гарет Меколи.
„За мене врвниот судија мора да биде стабилен, силна личност и да го контролира натпреварот. Да каже два, три збора и да ја заврши работата. Овој беше бизарен црвен картон. Зошто е потребна агресивност во пријателски натпревар“, изјави Мурињо.

Најнови вести