Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2015

Лескот во Вила, Мори во Евертон, Вест хем позајмува

Англиските премиерлигаши беа активни од раните утрински часови на последниот ден од преодниот рок - Астон вила, Евертон и Вест хем реализираа неколку трансфери.

Тим Шервуд на „Вила парк“ го донесе искусниот Џолеон Лескот кој минатата сезона настапуваше за Вест Бромвич, а го загуби местото во одбраната по доаѓањето на Џони Еванс од Манчестер јунајтед.
Од друга страна, Роберто Мартинес ја засили одбраната, нов стопер на Евертон е Аргентинецот Рамиро Фунес Мори, кого „карамелите“ го платија шест милиони фунти на Ривер плате.
Вест хем повторно го зеде на заем Алекс Сонг од Барселона. Камерунецот втора сезона во низа ќе биде на привремена работа на „Аптон парк“, но постои можност „чеканите“ да го откупат следното лето.
„Чеканите“ зедоа на заем уште еден квалитетен играч од еден градски ривал, Виктор Мозес од Челзи, откако Нигериецот го продолжи договорот со „сините“ на уште четири години.
Славен Билиќ пред крајот на рокот се обидуваше уште малку да го засили нападот, покрај Никица Јелавиќ, кого еден ден претходно го плати три милиони фунти на Хал, преговараше со Адебајор, кој е технолошки вишок во Тотенхем.

Најнови вести