Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2015

Маскерано под истрага за затајување данок

Шпанското обвинителство покрена истрага против Хавиер Маскерано, фудбалерот на Барселона, под обвинение дека затаил данок.

Аргентинецот се обвинува дека затаил 1,5 милиони евра во 2011 и 2012 година.
Пред Маскерано, за затајување данок во 2013 година беше обвинет уште еден Аргентинец, Лионел Меси, за кого се тврди дека заедно со татко му не пријавиле 4,16 милиони евра.
Чаби Алонсо, фудбалерот на Баерн Минхен и поранешен фудбалер на Реал Мадрид, минатата седмица категорично го демантираше тврдењето на „Ел Мундо депортиво“ дека бил под истрага за слично дело за кое е обвинет Маскерано.

Најнови вести