Корисничко име Лозинка Пријави се
26.10.2015

Хамилтон е старо-новиот шампион во Формула 1

Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, ја одбрани шампионската титула на Формула 1 на 16-тата трка на овогодишниот шампионат, Големата награда на Соединетите Американски Држави.

Хамилтон е шампион на три трки пред крајот на сезоната и стана првиот Британец кому тоа му тргнало од рака да ја одбрани тиулата. Ова му е десетта победа во сезоната и 43-та во кариерата.
Покрај тоа, сега заедно со Аиртон Сена, Џеки Стјуарт, Џек Брабхем, Ники Лауда и Нелсон Пике, е возач кој освоил три титули во кариерата.
Пред нив се: Себастијан Фетел и Ален Прост со по четири титули, Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум титули.
На второто место се пласира Нико Розберг, додека третата позиција му припадна на Себастијан Фетел.
Првите десетмина ги комплетираа: Серхио Перез, Карло Саинс, Џенсон Батон, Пастор Малдонадо, Фелипе Наср и Даниел Рикијардо.

Најнови вести