Корисничко име Лозинка Пријави се
29.10.2015

Окслејд-Чемберлен и Волкот ќе ги пропуштат следните три средби

Англиските фудбалери ќе ги пропуштат наредните три натпревари на својот тим, Венгер има тежок проблем.

Не само што тимот на Арсен Венгер во вторникот беше поразен од второлигашот Шефилд во Купот, туку францускиот стручњак на тој натпревар остана без двајца фудбалери.
Уште во петтата минута од средбата мораше да го извади од игра Алекс Окслејд-Чемберлен поради повреда, па на негово место на теренот го испрати Тео Волкот.
Но, и Волкот мораше да излезе од игра поради повреда на мускулот – и тоа само тринаесет минута подоцна!
За среќа на Арсен Венгер, не се во прашање повеќемесечни паузи, но прогнозите на докторите сепак се лоши.
Арсенал во наредните три натпревари нема да може да смета на Тео Волкот и Окслејд-Чемберлен, но проблемот е во тоа кои се наредните три противници на овој тим: Свонси во гости, Баерн во Минхен во Лигата на шампионите и дербито на северен Лондон со Тотенхем на „Емирати“!
По трите натпревари, следува репрезентативна пауза, па овие двајца фудбалери, заедно со Микел Артета и Арон Ремзи, на теренот ќе се вратат за натпреварот против Вест Бромич албион (на 21-ви ноември).

Најнови вести