Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2015

Украдени копачките на Брага во Марсеј

Фудбалерите на Спортинг Брага останаа без своите копачки во Марсеј, но беше избегнато е одложувањето на мечот на „Олимпик“ во Лигата на Европа.

Се верува дека опремата на португалскиот клуб е украдена во средата навечер, а раководството на Брага го обвини домаќинот бидејќи не е украдено ништо друго, ниту пак имало знаци на насилно влегување.
Фудбалерите на Брага имаат различни спонзори, поради тоа тие не смеат да носат опрема од противничките производители, но УЕФА не дозволила одложување на мечот.
УЕФА предложила да се прати авион во Португалија по друга опрема , но тој план пропаднал во вода бидејќи Брага целата своја опрема ја понела во Франција.
Иако одложувањето на мечот била опција во текот на денот, натпреварот е одигран, бидејќи Португалците ја набавиле својата опрема, но загриженоста во тимот останала бидејќи за фудбалерите е ризично да играат 90 минути во нови , неразгазени копачки, бидејќи постои опасност од плускавци.
Брага го загуби натпреварот со 0-1, но остана лидер во групата Ф од Лигата на Европа откако имаше максимален ефект во првите три кола, додека пак Марсеј е на третото место со шест бода, еден помалку од второпласираниот Либерец кој победи на гостувањето кај Гронинген со идентичен резултат.
На тимот од Португалија му е доволен само еден реми натпревар да се избори за втората фаза на натпреварот.

Најнови вести