Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2011

Новицки се договори со Реал?

Дирк Новицки, освојувачот на титулата во НБА минатата сезона со тимот на Далас, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, објавија шпанските медиуми.

Германскиот репрезентативец, наводно, се договорил со Реал Мадрид  дресот на „кралскиот клуб“ да го носи сè додека трае локаутот во НБА-лигата, а финансиските детали не се соопштуваат.

За време на штрајкот во најсилната лига на светот за Реал ќе игра и Руди Фернандес, кој, исто така, е член на Далас.

Новицки минатата сезона имаше учинок од 23 поени, 7 скокови и 2,6 асистенции.

Реал во Евролигата се наоѓа во група со Макаби, Партизан, Ефес пилсен, Армани џинс Милано и Шарлоа.

Најнови вести