Корисничко име Лозинка Пријави се
17.11.2015

Пирло во Анталија ќе добие два милиона за осум натпревари

Италијанскиот фудбалер, Андреа Пирло, најверојатно ќе помине како позајмен играч во Анталија, изјави претседателот на клубот Гултекин Генчер.

Планот  на амбициозниот претседател на турскиот клуб е Пирло да ја искористи паузата во МЛС лигата, а да одигра осум натпревари за Анталија.
„Разговаравме со агентот на Пирли, и тој ни рече дека Андреа е спремен да одигра осум натпревари во Турција“, изјави Генчер за „Фудбал Италија“.
Пирло, од неофицијални извори, за осум натпревари може да заработи дури два милиона евра.
Анталија се наоѓа на деветтото место на табелата на Турскиот шампионат, иако има многу почитуван тим и играчи како Самуел Ето, Жан Макун и поранешниот напаѓач на Партизан, Ламин Дијара.