Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2015

Делнери е новиот тренер на Верона

Италијанскиот фудбалски тренер Луиџи Делнери ја презема клупата во Верона, потврди клубот од „Бентегоди“.

На интернет страната на Верона не е објавено на колку години го потпишал договорот новиот тренер кој се афирмираше на клупата на градскиот ривал Киево.
Делнери без ангажман беше од јануари 2013 година кога ја напушти Џенова, а пред тоа ги водеше Јувентус, Сампдорија, Аталанта, Рома, Палермо, Порто и неклку клубови од пониските лиги.
Фудбалерите на Верона се наоѓаат на последното дваесетто место на табелата од Серијата А со само шест бодови по 14 одиграни кола.

Најнови вести